
Наши услуги
Изработка на лого
Логото е првото нешто што клиентот го памети од вашиот бизнис. Го работиме од нула — почнуваме со разговор за вашата дејност, вкус и конкуренција, потоа предлагаме неколку скици и заедно ја доработуваме избраната. На крај ги добивате сите формати потребни за печат и за интернет.
Цена: По Договор
Што добивате
- 2–3 предлог концепти и неограничени мали корекции на избраниот
- Датотеки во вектор (AI/EPS/PDF) и во PNG со проѕирна позадина
- Верзија во боја, црно-бела и обратна за темна позадина
- Кратко упатство за бои и фонтови на брендот